Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на воздржаност по убиството на водечкиот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризадех, познат како „таткото“ на иранската тајна програма за нуклеарно оружје.
„Видовме извештаи дека ирански нуклеарен научник е убиен во близина на Техеран. Повикуваме на воздржаност и укажуваме на потребата да се избегнат какви било активности што може да резултираат со ескалација на тензиите во регионот“, изјави Фаррхан Хак, портпарол на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, пренесуваат агенциите..
Се претпоставува дека Фахризадех управуваше со контроверзната нуклеарна програма на Иран. Државните медиуми известија дека веројатно станува збор за атентат кога тој со придржба патувал
Во првите реакции, Иран за убиствoто ги сомничи САД и Израел, а стигнуваат најави и за одмазда.


