Марија Шерифовиќ бесна поради метежот по повод денешните попусти насекаде – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/20 10:23 PM

Марија Шерифовиќ бесна поради метежот по повод денешните попусти насекаде

Пејачката, Марија Шерифиовиќ се огласи во врска со преполните трговски центри, каде денеска се создаде метеж од луѓето кои побрзаа да си купат нешто на попуст по повод „Црн петок“.

Денес како што е познато, се одбележува „Црн петок“. Тоа е ден во годината кој едвај го чекаат љубителите на купувањето. Но, и покрај пандемијата со коронавирусот трговските центри и оваа година беа полни со луѓе кои чекаа на ред за да влезат во продавниците и да си купат нешто на попуст. Марија, како и дел од јавноста, се шокирала кога ги видела фотографиите со метежот.

-Апелирам во голем број, десетина илјади луѓе, денес да ги посетите сите трговски центри и задолжително да си купите некоја „крпичка“ повеќе и евентуално да умрете за двете недели – изјави Марија.

 

Извор:  srbijadanas.com