Милијарди, чорапи и 1.000 потези на магичниот Диего: Вака фудбалското божество пристигна во Барселона – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/20 7:16 PM

Милијарди, чорапи и 1.000 потези на магичниот Диего: Вака фудбалското божество пристигна во Барселона

Приказната за почетокот на кариерата на Марадона во Барселона е неверојатна.

Таа 1982 година Барселона ги руши сите рекорди кога платила за Марадона 1.2 милијарди пезети услугите на аргентинскиот напаѓач. Марадона е дочекан како најголемото засилување во историјата на клубот, а навивачите и соиграчите имале огромни очекувања од него. Што се однесува до соиграчите, нив брзо ги придобил.

Таткото на актуелниот лев бек на Челзи, Маркос Алонсо, кој исто така се вика Маркос Алонсо (како и неговиот татко), прераскажа неверојатна приказна. Алонсо тогаш играл за Барселона и бил бо шок кога влегол во соблекувалната.

-Тој е најдобрата работа која ми се случила во фудбалот. Тоа беше најдобриот период во мојата кариера. Првиот дека кога пристигна во соблекувалната зеде некои чорапи, го „смота“ и почна со нив да жонглира. Упсеа да стигне до број повеќе од илјада, со восхитување зборуваше Алонсо.

Виктор Муњоз, уште еден од соиграчите на Марадона од Барселона, мисли дека клубот не го искористил на вистински начин.

-Барселона и Марадона ја пропуштија шансата да дефинираат една ера. Да беше тој тука девет или десет години, ќе беше сјајно, изјави Муњоз.

 

 

Извор:

mondo.rs/sport