Женската македонска фудбалска репрезентација со убедлива победа против Казахстан на гости се прости од квалификациите за Европското првенство.
Овој циклус е најуспешниот за нашите девојки во однос на бодовното салдо и соодносот на победи и порази, но сепак недоволен за пласман помеѓу најдобрите селекции во Европа.
Репрезентативките практично го решија натпреварот во првите 45 минути. Гентјана Рочи и Наташа Андонова имаа фантастично попладне против Казахстанките. По асистенцијата на Андононова, Рочи во 11-тата минута од дуелот ја совлада Оксана Железњак и му донесе водство на Македонија. Во 34-тата минута по истиот „шаблон“, Рочи го удвои водството, а овојпат Рочи три минути подоцна се оствари во улогата на асистент кон Елма Шемсовиќ.
Македонија во групата го зазеде четвртото место со шест освоени победи (двете над Казахстан) и пет порази против Франција, Австрија и Србија. Во групата Г од квалификациите, Франција и Австрија со 16 поени го делат првото односно второто место, Србија со четири помалку се наоѓа на третата позиција.
Фото:
ffm.mk