Најслатките кучиња „вработени“ во болниците низ светот – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/20 3:48 PM

Најслатките кучиња „вработени“ во болниците низ светот

Земајќи го во предвид фактот дека друштвото на кучињата докажано добро влијае на менталното здравје на луѓето, сѐ повеќе болници нив светот го преземаат трендот на ангажирање на кучиња како чувари или едноставно за добро друштво на пациентите кои бараат дистракција од ситуацијата во која се наоѓаат.

Откако една медицинска сестра сподели на Твитер фотографија од кучето ангажирано да шири позитивна енергија во болницата во која е вработена, медицински работници од цел свет споделија фотографии од кучињата кои вредно „работат“ во нивните болници.

Погледнете ги во прилог најслатките кучиња кои ги издвоивме за вас.