Смррта на Диего Армандо Марадона, вчера како од ведро небо го шокираше целиот, не само фудбалски и спортски свет.
Поранешни соиграчи, тренери, фудбалери од целата земјина топка, спортски работници, љубители, фанови на „Гаучосите“ и денес се опростуваат од него и согласни се дека, колку и да тоа излитено звучи, Диего Армандо Марадона има само година на раѓање.
За неговата неизмерна големина, зборува и фотографијата која се појави на социјалните мрежи, на која двајца навивачи на лутите вечни ривали, Ривер Плата и Бока Јуниорс, тагуваат во прегратка на улиците на Буенос Аирес.
Марадона припаѓаше на Аргентина и Бока, но Марадона припаѓаше на сите.
Фото:
Инстаграм / pablovillan77