Вчерашната серија „бисери“ на Зоран Заев во интервјуто за бугарската БГНЕС, со која, се чини, се надмина дури и самиот себе, најде место во сите повлијателни балкански медиуми, кои во насловите најчесто се задржуваат на делот од интервјуто во кое Заев зборува за „бугарската администрација“ во Македонија во Втората светска војна, за ослободувањето на Македонија во кое „учествувала и бугарската војска“… Еве дел од насловите:
„Заев за односите со Бугарија: Не’ раздвои Југославија“ (сараевски „Аваз“); „Заев: Македонците и Бугарите имаат заедничка историја, Југославија не’ раздвои“(црногорски „Вијести“); „Заев ја обвини Југославија дека ги раздвоила Македонија и Бугарија“ („Ал џезира“); „Заев им се подлизува на Бугарите: Тие не се окупатири, Југославија не’ раздвои“ („Правда“)…
„Бугарската и македонската војска заедно го ослободиле Скопје“, е насловот во белградска „Политика“, а слични наслови објавија и многу други српски медиуми: „Скандалозно интервју на Зоран Заев“ (Б-92); „Заев, попметен си кога…Југославија не’ зароби, бевме окупирани. Срамота Југа ви даде се’. Аман!“ („Информер“): „Македонците и Бугарите имаат заедничка историја, Југославија не’ подели“ (РТ Војводина)… (Љ.Ш.)