Миша е борец, ќе се излечи: Членовите на „Рибља чорба“ со позитивни пораки за колегата кој е на респиратор – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/20 9:00 PM

Миша е борец, ќе се излечи: Членовите на „Рибља чорба“ со позитивни пораки за колегата кој е на респиратор

Информациите за влошената здравствена состојба на бас гитаристот Миша Алексиќ (67) од групата „Рибља чорба“ кој е хоспитализиран и ставен на респиратор, неговите колеги и долгогодишни „соборци“ од бендот ги примија со неверување.

Освен Миша, хоспитализирана беше и неговата сопруга Јасмина, но и нивната ќерка Мина која прку Фејсбук ја извести јавноста за животната борба на татко и’.

Бора Ѓорѓевиќ не сакаше подетално да ја кoментира новонастанатата ситуација.

Мина веќе кажа се’. Нам ни останува да се надеваме дека нашиот брат ќе се опорави – изјави за Новости, фронтменот на „Рибља чорба“.

Сите сме многу загрижени. Се молиме на Бог, Миша да се опорави и оздрави. Ова сите не’ шокираше. Слушнав дека починал и тапанарот на Aмадеус бенд, короната не е шега- изјави Вицко Милатовиќ , тапанар во „Рибља чорба“.

Тој секогаш мисли позитивно, па верувам дека таа негова енергија ќе доведе до излекување – изјави гитаристот Видоја Божиновиќ – Џинџер. Се молиме и мислиме позитивно. Знам дека има многу луѓе кои биле на респиратор и се извлекле, верувам дека така ќе биде и со нашиот Миша.

 

Фото:   Marina Pešić

Извор:  novosti.rs