Шеесет и тригодишен жител на струшкото село Теферич бил пронајден мртов во автомобил кај мостот на реката Сатеска во Струга – соопшти денеска полиција.
СВР Охрид информираше дека околу 8 часот и 40 минути во Полициската станица во Струга било пријавено дека во патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште бил пронајден починат Н.С. (63) од селото Теферич.
Увидна екипа од Полициската станица во Струга извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.