Францускиот репрезентативец и фудбалер на Челзи, Нголо Канте, со години важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред во светски рамки, особено играчи со исклучително квалитетни дефанзивни карактеристики.
Жаргонски и навивачки кажано „на Канте не може пиле да му прелета“. И тоа е навистина точно. Поранешниот шампион во Англија со екипата на Лестер, ја редефинираше позицијата на која игра и сега неговите партии во дресот на Челзи и Франција се референтни во сите фудбалски анализи и компарации на таа тема.
Но и на најдобрите им се случува понекогаш топката да им заврши „помеѓу нозе“. Сета среќа за Челзи и Канте што ова е на тренинг, а не на официјален натпревар. Во пресрет на дуелот од Лигата на Шампионите помеѓу Рен и Челзи, момците на Френк Лампард се подготвуваа за тешкиот двобој во Франција, искористувајќи го времето и малку да се забавуваат.
Воодушевувањето дека „и нему може да му се случи класичен nutmeg“, не можеа да го сокријат неговите соиграчи.
You hate to see it! 😬
N’Golo Kante gets nutmegged in Chelsea training… 🥺🥜 pic.twitter.com/NnzbZPf3S2
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) November 24, 2020