Џо Бајден се огласи на „Твитер“: Време е да престанеме со реториката на демонизирање – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/20 5:50 PM

Џо Бајден се огласи на „Твитер“: Време е да престанеме со реториката на демонизирање

Oткако кандидадот на Демократската партија, Џо Бајден, официјално е избран и потврден како нов претседател на САД, до неговата инаугурација на 20 јануари идната година Бајден ќе мора да го креира својот кабинет и да ги избере членовите на администрацијата.

Поранешниот заменик државен секретар, Ентони Блинкен, се очекува да биде неговиот прв член во „Стејт Департментот“, додека Џејк Саливан би требало да стане советник за Национална безбедност на претседателот.

Според „CNN“, во тимот на Бајден би можело за првпат да се најде и жена на чело на Националната обавестувачка служба, Аврил Хејн, жена со богата биографија во „ЦИА“ и првиот Латиноамериканец кој ќе го предводи Министерството за национална (внатрешна) безбедност, Алехандро Мајоркас.

Во сенка на овие настани, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, не се откажува од вториот претседателски мандат и ги охрабрува своите гласачи дека борбата трае, во надеж дека ќе пронајде нерегуларности во гласањето во голем број сојузни држави.

Демократскиот победнички кандидат по повод овие најави и неповолната атмосфера создадена во американското општество во моментов, се огласи на социјалната мрежа „Твитер“, апелирајќи за прекин на реториката која ги демонизира и дели луѓето.

-Изборите се готови. Време да го ставиме настрана партизанството и реториката на демонизација на луѓето помеѓу себе. Мораме да бидеме сплотени, напиша Бајден.

Трамп и неговиот правен тим практично не издвојуваа ниту една битка и со тоа неофицијалниот резултат останува 306 електори на контото на Бајден, а 232 на контото на Трамп.