„The Queen Gambit“ ја зголеми заинтересираноста за шахот: Нетфликс ја прогласи за најгледана мини серија – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/20 2:43 PM

„The Queen Gambit“ ја зголеми заинтересираноста за шахот: Нетфликс ја прогласи за најгледана мини серија

„The queen Gambit“ моментално е најфалената мини серија на Нетфлик, а откако се појави, луѓето не престануваат да зборуваат за неа, токму и затоа ниту малку не не изненадува објавата од страна на Нетфликс дека „шаховското чудо“ е најпопуларната мини серија негогаш објавена на таа платформа.

Оваа серија е емитувана во сите држави, вклучувајќи ги и Русија, Кина, Франција, Тајван и Австралија, а на листата најгледани завршила дури во 92 земји, а на прво место е во вкупно 63 земји.

Многумина на оваа бројка и приоѓаат со резерва, бидејќи Нетфликс само ги објави, а не постои начин објавените нетфликсови статистики независно да се проверат.

Меѓутоа големата гледаност не е единствен резултат на популарната мини серија. Гугл покажува дека пребаруањата „како да се ира шах“ пораснала за дури 250 отсто, а романот според која е направена оваа серија се најде на листата бестселери откако пред 37 години бил објавен.

Снимање според романот

Серијата со седум продолженија, снимена по истоимениот роман на Валтер Тевис, сместена во 50 –те и 60 –те години на минатиот веке го покажува метеорскиот успон на фиктивната шахистка Бет Хармон, девојче посвоено од сиропиталиште во Кентаки, во светот на шахот резервиран за мажите.

Импресивната изведба на главната актерка Ања Тејлор Џој и дуелите на шаховската табла понапната од боксерските натпревари ги воодушеви гледачите, па серијата објавена на крајот на октомври стана апсолутен хит.

Љубителите на шахот се импресионирани, што може да се заклучи од бројните објави во специјализирани магазини и пофалби за професионалците на социјалните медиуми.

„Тоа е најдоброто што сум го видел во шахот“, изјавил францускиот велемајстор Ентони Виринг.

Истото го мисли и претседателот на францускиот шаховски сојуз Бахар Куатил, кој со пофални зборови за шаховските партии.

Преземено од: https://nova.rs/