Истанбулски таксист му врати 300.000 евра на патник кој ги заборавил во возилото – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/20 12:02 PM

Истанбулски таксист му врати 300.000 евра на патник кој ги заборавил во возилото

Таксист во Истанбул му врати 300.000 евра што патникот ги заборавил во неговото возило, јавува Anadolu Agencu, a пренесува сараевско „Ослобоџење“.

Возачот на таксито Енгин Олгац (31) на седиштето пронашол торба полна со пари што ја заборавил патникот, странски државјанин, кого го возел од аеродром во Истанбул до хотел во квартот Лалели.

Таксистот првин го контактирал хотелот во кој го превезел муштеријата, а потоа отишол и му ја предал торбата на сопственикот.

„Откако клиентот го оставив во хотелот, го однесов автомобилот во авто-пералница и таму ги забележав заборавените пари. Го контактирав хотелот и ги предадов парите“, изјавил Енгин Олгац,

Заборавениот патник му заблагодарил на таксистот за вратената торба полна со пари.