Живее во пентхаус од половина милион евра- Станот на Аца Лукас сопственост на Саша Поповиќ – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/20 11:41 PM

Живее во пентхаус од половина милион евра- Станот на Аца Лукас сопственост на Саша Поповиќ

Аца Лукас неодамна се најде во центарот на скандалот кога извршителите му затропаа на врата со намера да му ги одземат работите заради неплатени долгови што му ги должел  на бизнисменот Дејан Поповиќ Тигар.  На фолкерот тогаш му се слоши, а извршителите си заминале. Сепак, како што сега е откриено, тие сигурно не можеле да запленат ништо, бидејќи луксузниот пентхаус во кој живее Лукас е во сопственост на Саша Поповиќ.

Пред шест години, Лукас позајмил половина милион евра од Поповиќ за да купи луксузен стан. Како гаранција дека ќе ги врати парите, пентхаусот бил запишан на име на Саша Поповиќ со клаузулата од договорот дека станот со работите внатре ќе стане сопственост на Лукас во моментот кога ќе ги подмири сите долгови кон Саша.

Сепак, тоа никогаш не се случило.

Според медиумите, Лукас требало да му врати половина милион евра на Поповиќ за три години, а тој сè уште должел околу 120.000 евра. Поради сето тоа, станот и сè што е во станот сè уште е на името на Поповиќ, па извршителите не можеле да запленат ништо согласно законот, иако има решение за одземањето.

Саша Митровиќ, менџерот на Лукас, за мондо.рс потврдил дека станот е во сопственост на Поповиќ, станувало збор за „заем на камата“.

 

Извор: mondo.rs