Редовното консумање на чили пиперчиња може да ви го продолжи животот – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/20 5:54 PM

Редовното консумање на чили пиперчиња може да ви го продолжи животот

Истражувачите пронашле врска помеѓу консумацијата на чили пиперчињата и значајното намалување на риизкот од добивање на кардиоваскуларни заболувања и канцер.

Иако претходните студии откриле дека чили пиперките имаат антиинфламаторно дејство, содржат антиоксиданси и му овозможуваат на организмот соодветно да го регулира нивото на шеќер во крвта, пред се благодарение на капсаицинот, кој им дава лутина на пиперките, ова е прва голема научна студија што докажува дека консумирањето на оваа храна го намалува ризикот од предвремена смрт.

Истражувачите имале пристап до здравствени податоци на дури 570 000 луѓе од САД, Кина, Италија и Иран. Тие исто така имале податоци за исхраната на секоја од овие лица, што им овозможило да направат соодветни споредби помеѓу оние што јаделе чили пиперки и оние што ги избегнуваат.

На нивно изненадување, забележан е намален ризик од смртност од дури 25% кај луѓето кои често консумираат чили пиперки во споредба со оние кои ги јадат ретко или никогаш. Сепак, истражувачите повикуваат на претпазливост при донесување големи заклучоци со оглед на фактот дека тие сè уште не го откриле механизмот што го објаснува овој феномен и истакнаа дека во нивната студија не ги споредувале ефектите на различните видови чили пиперки врз здравјето на луѓето.

Преземено од: https://citymagazine.rs/