На 77 години почина Мустафа Надаревиќ: Не успеа да ја победи болеста – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/20 4:03 PM

На 77 години почина Мустафа Надаревиќ: Не успеа да ја победи болеста

Легендарниот актер Мусатафа Надаревиќ почина по долга битка со сериозно заболување на 77-годишна возраст, пренесува Радио Сараево.

Веста за неговата смрт ја потврди актерот Моамер Касумовиќ за порталот Radiosarajevo.ba.

Неодамна беше пуштен од болница со дијагноза рак на белите дробови и беше дома во Загреб, а според медиумите, не излегол од станот поради епидемиолошката состојба.

Мустафа го играше Изет во серијата „Луд, збунет, нормален“.

Преземено од: https://www.espreso.rs/