Вардар во завршницата го порази Борец и се врати на победнички патеки – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/20 6:49 PM

Вардар во завршницата го порази Борец и се врати на победнички патеки

По четири натпревари без победа во Првата македонска фудбалска лига, актуелниот шампион Вардар успеа да победи и да се врати на победнички патеки.

Условно речено жртвата на вардарци беше велешки Борец, екипата која беше поразена од Вардар токму на отворањето на новата лигашка сезона.

Во тврд и тактички натпревар во кој ниту едните ниту другите воспоставија посебна доминација, Вардар самиот финиш од дуелот го скрши отпорот на домаќините. Јован Попзлатанов во 80-та минута го отвори резултатот, а Матеј Цветаноски во првата минута од судиското продолжение ја запечати победата на Вардар и на тој начин му го честиташе роденденот на предводникот од клупата Васоски.

Оваа победа го искачува Вардар на шестата позиција на табелата, веднаш над седмопласираниот Силекс кој има натпревар помалку.

Утрешниот натпреварувачки ден од 12-то коло во ПМФЛ, ќе го започнат екипите на Силекс и Беласица, Шкупи оди на мегдан со Шкендија во Тетово, Работнички ја пречекува Македонија Ѓ.П, Струга ТЛ се соочува со Ренова, додека пак Академија Пандев ќе ги вкрсти копјата со Пелистер.

 

Фото:

fkvardar.mk