Девојка со години се прејадувала, па ослабела 44 килограми: Сега е инспирација за останатите – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/20 11:11 PM

Девојка со години се прејадувала, па ослабела 44 килограми: Сега е инспирација за останатите

Дваесетгодишната Ксантија Ефтимију на крајот од средношколските денови имала 114 килограми. Таа со години се прејадувала и тоа довело до здравствени проблеми.

Ми рекоа дека грбот ме боли поради килограмите – раскажала таа за Daily Mail.

Во 2017 година решила да почне диета, а брзата храна да ја замени со здрави намирници.

„Почетокот беше најтежок. Се плашев дека луѓето ќе ме осудуваат бидејќи се доведов до ова. Сепак, почнав да одам на прошетка пет пати во неделата, а потоа тргнав и во теретана. Три дена во неделата вежбав, а сега кревам тегови и тоа ми е најзабавниот дел од вежбањето. Се’ научив сама, без помош од тренер“, истакнала девојката.

Што се однесува до храната почнала да проучува кои намирници се нутритивно богати.

Најважно ми беше да остварам калориски дефицит. Пешачев по четири килограми па можев да си дозволам и 2700 калории дневно бидејќи многу повеќе топев – додала таа.

До септемтември 2019 година успеала да дојде и до тежина од 70 килограми. Намалила вкупно 44 килограми па отворила профил на ТикТок каде ги инспирира другите да се одважат да ги променат навиките и да ја постигнат посакуваната цел.

https://www.tiktok.com/@fitwithxan/video/6889631298659306754?referer_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2F&referer_video_id=6889631298659306754

Слабеењето не мора да биде казна, а јас тоа го научив на потешкиот начин. Јадењето премаку калории е многу штетно – ги предупредува таа другите.

 

Извор:  index.hr