Истокот на Русија „окован“ во „леден“ дожд, такво нешто не се памети три децении – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/20 5:47 PM

Истокот на Русија „окован“ во „леден“ дожд, такво нешто не се памети три децении

Најмалку 150.000 луѓе денеска останаа без струја и вода на рускиот Далечен исток и во градот Владивосток, откако заврнал „леден“ дожд на доста ниски температури. Тамошните власти прогласија вонредна состојба.

„Ледениот“ дожд што ги погоди Владивосток и регионот ги „окова“ каблите и дрвјата во мраз со дебелина и од над десет милиметри. Со чекани се крши мразот од автомобилите.