Македонската фудбалска репрезентација минатиот четврток со победата над Грузија во Тбилиси, за првпат од осамостојувањето се пласираше на едно големо натпреварување.
Погодокот на капитенот Горан Пандев беше и повеќе од доволен да донесе радост на македонските навивачи и да предизвика невидена еуфорија во јавноста и на улиците низ земјата.
Светските медиуми пишуваа со пиетет за нашиов подвиг, добивавме поддршка и од соседите, од учесниците со кои треба допрва да се сретнеме на Европското, од самата УЕФА.
Токму УЕФА ги собра сите емоции од минатата историска недела и ги „стокми“ во кратко промо-видео кое остава без здив.
🇲🇰 North Macedonia will make their EURO debut at #EURO2020 👏👏👏
🤩 @ffmmkd pic.twitter.com/y6BZvh2kNT
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) November 19, 2020
Македонската фудбалска репрезентација патешествието на Европското првенство го започнува на 13 јуни следната година во Букурешт.