Планетарно популарната виртуелна, или не толку виртуелна игра, „Fantasy Premier League“, не веруваме дека некого остава рамнодушен и без петочки мисли „кој да биде капитен“ или „кој играч да го изберам што ќе ми направи разлика“.
По интернационалната пауза, Премиер Лигата се враќа на терените, а со тоа и „менаџирањето на тимовите“ на голем број од фудбалските фанови и ентузијасти.
Во пресрет на деветто коло, стратезите од топлите фотелји во целиот свет најмногу го имаат избрано во својот тим фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес. Запрашан денес какво е неговото мислење во врска со тоа, португалската ѕвезда во шаллив тон изјави дека фановите само сакаат да му наметнат дополнителен притисок.
The most-purchased #FPL player ahead of this weekend? 🧐
No pressure, @B_Fernandes8 😅#MUFC @OfficialFPL pic.twitter.com/gpDRwsRnL1
— Manchester United (@ManUtd) November 20, 2020
-Тие сакаат да стават дополнителен притисок врз мене, се насмевна Фернандес. Но, добро е. Тие веруваат во мене и се надеваат на мои голови и асистенции, па така и јас се надевам дека ќе бидат успешни во Fantasy Premier League, изјави Бруно за „MUFCTV“.
Манчестер Јунајтед ова коло го дочекува Вест Бромвич Албион на „Олд Трафорд“, во надеж дека ќе ја прекине црната серија на домашен терен и ќе почне да победува.