Рафаел Надал со „помош од небото“ го совлада Стефанос Циципас со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:2) и се пласираше во полуфиналето на Завршниот Мастерс во Лондон.
Секако, Надал исклучиво поради своите квалитети и добрата игра го порази актуелниот шампион на овој турнир, но една случајна ситуација од мечот ги наведе фановите на Шпанецот и тенисот да се пошегуваат на таа сметка.
На една од паузите, врз главата на популарниот Рафа се појави „нешто“ кое за момент го претвори Надал во „светец“, како оној од цртаните филмови.
Divine intervention 😇@RafaelNadal calls on a little help from above in London…#NittoATPFinals pic.twitter.com/0q3KlYR8zd
— Tennis TV (@TennisTV) November 19, 2020
Шпанскиот тенисер за првпат од 2015 гоина ги поминува групите во завршницата во Лондон .