Од несигурна, ситуацијата стана неповолна: Прогласена вонредна состојба во Ниш – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 7:38 PM

Од несигурна, ситуацијата стана неповолна: Прогласена вонредна состојба во Ниш

Кризниот штаб на Ниш денеска прогласи вонредна состојба на територија на градот, поради влошување на епидемиолошката ситуација. На прес конференција беше соопштено дека оваа одлука на Кризниот штаб ќе биде на сила до први декември, а дали ќе биде продолжена ќе зависи од епидемиолошката проценка. Градот ќе ги објави новите мерки по седницата на државниот Кризен штаб, кој е закажана за петок.

Според градоначалничката, Драгана Сотировски вонредната состојба е воведена на препорака на медицинската фела и тоа, имајќи го предвид бројот на тестирани и позитивни лица, како и огромниот притисок од Клиничкиот центар Ниш, но и од Домот за здравје.

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ пак, истакна дека Ниш морал да прогласи вонредна состојба, за што зборува бројот на заболени и тестирани, како и тоа дека епидемиолошката ситуација која прво била оценета како несигурна, преминала во неповолна.

Мораме да донесеме таква одлука со која би обезбедиле подобра организација, поефикасно делување и спроведување на сите мерки – изјави Тиодоровиќ додавајќи дека целта на мерките е да се намали бројот на заболени, но и да се зголеми чувството на одговорност кај луѓето.

 

Фото:  Tanjug/Dimitrije Nikolić

Извр:     informer.rs