Претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина од 20 ноември, според принципот на ротација, ќе биде членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, пренесува „Анадолија“.
Тој ќе претседава со Претседателството во наредните осум месеци.
„Оваа ротација се одвива врз основа на член 5 став (2) б. од Уставот на Босна и Херцеговина, а во врска со член 5 став (2) од Деловникот за работа на Претседателството на БиХ“, се соопштува од Претседателството на БиХ.