Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов трет ден е во изолација. На својот фејсбук профил објави дека е во превентивна самоизолација, поради неколку ризични контакти, меѓу кои и со лица што имале изразени ковид-симптоми.
-Иако немам пројавено никакви симптоми, по епидемиолошка препорака и од морални причини ќе останам во самиозолација уште некој период, за да избегнам предзивикување какви било опасност по здравјето на луѓето во мое опкружување, наведува Миланов.
Во Штип секојдневно се зголемува бројот на новозаразени случаи, а деновиве во изолација се испратени и ученици од трето одделение во штипското основно училиште „Ванчо Прке”, отако нивниот наставник е со позитивен тест. Од вчера во изолација е и група дечиња од градинката „Вера Циривири-Трена”.
МИА