Ја победија короната: Актерите Лаушевиќ и Менсур веќе не се во болница – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 4:45 PM

Ја победија короната: Актерите Лаушевиќ и Менсур веќе не се во болница

Актерите Жарко Лаушевиќ и Ирфан Менсур оздравеа од ковид-19 и тие веќе не се хоспитализирани. Актерите успешно се излечија и според официјалните информации тие се чувствуваат добро.

Лаушевиќ не беше во животозагрозувачка состојба ниту пак имал потреба за кислородна поддршка, а со коронавирусот се заразил во текот на операција на циста на заб на 23 октомври.

Ирфан Менсур имал средно тежок облик на зараза и исто така не бил во животозагрозувачка состојба.

 

Извор:  mondo.rs