Ќе се одржат ли локалните избори во Штип и Пласница? – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 4:33 PM

Ќе се одржат ли локалните избори во Штип и Пласница?

Советот за безбедност на денешната седница донесе одлука, Владата да прогласи кризна состојба во целата држава.

Дали во услови на кризна состојба може да се одржат локалните избори  во Штип и Пласница, на пресот по завршувањето на седницата на Советот за безбедност не беше кажано.

„Само што најави Владата дека ќе прогласи 30 дена КРИЗНА СОСТОЈБА!!! Ама важно избори во Штип ќе си тераат. Наместо да се посветат целосно на здравјето и економијата, власта си тера само политиканство!!!“, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, откако претходно од беше донесена одлука за  прогласување на  30 дневна кризна состојба.

Според претседателот на ДИК, Оливер Дерковски по аналогија на она што се случуваше во претходниот период, избори во Штип и Пласница не би требало да има, но за тоа ќе треба да одлучат оние кои што и ги распишуваат изборите.

Според информациите од Владата- Кризната состојба не ги одлага изборите. Така стои во Законот

Локалните избори треба да се одржат на 13 декември, а во сабота започнува изборната кампања за градоначалници на Штип и Пласница. Државната изборна комисија се подготвува два дена пред официјалниот датум на изборите, на 11 декември, да гласаат лицата со решение за изолација. За Штип, ДИК подготвува пет посебни избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето на овие лица. Штип во моментов е меѓу најпогодените општини од корона .