Уапсени Срби и Романци кои со вешти трикови краделе дијаманти вредни милиони евра – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/20 7:22 PM

Уапсени Срби и Романци кои со вешти трикови краделе дијаманти вредни милиони евра

Француската полиција во Безансон уапсила седум мажи и жени кои се осомничени за милионски кражби на дијаманти низ цела Европа.

Според француски медиуми, акцијата за апсење била спроведена пред две седмици, а во неа се приведени седум лица осомничени дека учествувале во кражба на дијаманти и други скапоцени камења низ цела Европа. Во полициската акција биле приведени четворица мажи и три жени, сите државјани на Србија и на Романија и на возраст од 26 до 54 години. Кај нив биле пронајдени 20.000 евра, но не и дијаманти.

Се претпоставува дека уапсените припаѓаат на голема криминална група што го украла и дијамантот вреден 12 милиони евра во Шпанија, во јуни годинава. Постојат и сомнежи дека годинава со измами во златарници во Цирих и Кан земале скапоцени камeња вредни неколку милиони евра. Интересно е што ниту еден грабеж не бил вооружен. Се служеле со разни тикови во златарниците..