Индонезиецот Џошуа Хутагалунг (33) стана милионер преку ноќ откако го продаде метеоритот што пред неколу месеци паѓајќи му го урна покривот на куќата.
„Кога го кренав метеоритот, каменот беше уште топол. Со лопата го изнесов. Бев разочаран од штетата“, раскажува Џошуа за тамошните медиуми, пренесува „Вечерњи лист“.
Сега нервозата е заменета со големо задоволство. Метеоритот тежок 2,1 килограми и стар веројатно околу 4,5 милијарди години, чија проценета вредност е 1,4 милиони фунти, Џошуа, како што вели, го продал за сума што со својата работа може да ја заработи за 30 години.
МНогу ретко се случува метеорит да падне во населено место.