Поранешниот фудбалски репрезентативец, а сега помошник тренер на У-21, Влатко Гроздановски повторно стана татко. Неговата сопруга, манекенката Христина, утрово роди ќерка. Ова е второ дете на фудбалско- манекенскиот брачен пар. Тие ја имаат 22 месеци постарата ќеркичка Мила.
-Денес по втор пат станав татко, мојата сопруга Христина на свет ја донесе нашата втора керкичка Ива. Мила си доби сестричка. Да си жива и здрава ќерко, напиша Влатко на својот Фејсбук профил.
ММС го контактираше среќниот татко, кој возбуден се подготвуваше да оди во болниц за прв пат да ја види својата убавица.
-Не сум ја видел уште, не пуштаат поради ковид мерките. Важно дека и двете се чувствуваат супер. Му благодариме на доктор Панчевски, се помина во најдобар ред. Да бидеш татко на две ќерки е преубаво чувство. Миа и Ива се разлика 22 месеци, ќе си растат заедно, рече среќниот татко Влатко за ММС.