Каде ќе заврши Џејмс Харден, дали Расел Вестбрук ќе остане во Хјустон или ќе заигра за Никси или Хорнетси, кого ќе купуваат ланските финалисти на Истокот и уште низа прашања кои се поставуваат во последните неколку денови во НБА кулоарите.
Пазарот во најквалитетното кошаркарско клупско натпреварување продолжува да се „тресе“, а клубовите ја користат секоја минимална шанса да ги засилат своите ростери и да влезат во новата 2020/21 кампања конкурентни и во полна сила.
„Ауткестот“ на Бостон Селтикс, Гордон Хејворд, извесно е дека повеќе нема да го носи дресот на една од најдекорираните франшизи во историјата. Бред Стивенс ослободениот простор планира да го искористи за доведување квалитен играч на позицијата пет и згуснување на рекетот.
Според Крис Хејнс од „Yahoo Sports“, Атланта Хокс е „најзагреана“ за ангажирање на Хејворд. Во игра е „sign-and-trade“ договор, но Атланта во моментов е една од екипите со најголем „кап спејс“ во лигата и со сигурност може да си дозволи да го откупи Хејворд.
Покрај Хејворд, раководните лица на Атланта се надеваат дека ќе го доведат и шампионот Раџон Рондо и на младиот и полетен тим ќе му вбризгаат малку искуство, доволно како за почеток за пласман во плејофот.