Германскиот гигантски производител „Адидас“ од „ведро небо“ евоцираше спомени на еден од најголемите европски кошаркарски клубови, сплитска Југопластика.
Во чест на екипата која при крајот на ’90-те години на минатиот век буквално претставуваше доминантна сила во Европа, освојувајќи три трофеи во Евролигата по ред, „Адидас“ произведе ограничена ретро колекција на патики и опрема од славните победнички времиња.
„Топтенките“ со натпис Југопластика, како и препознатливата жолта торба ќе бидат на продажба и ќе предизвикаат интерес кај оние стари кошаркарски романтичари, југоносталгичари, фанови на Тони Кукоч или можеби почитувачи на ликот и делото на Божидар Божо Маљковиќ.