Филипче се сретна со директорите на Интерните клиники: Се прошируваат капацитетите за ковид пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/20 11:29 AM

Филипче се сретна со директорите на Интерните клиники: Се прошируваат капацитетите за ковид пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче рано изутрината одржа состанок со директорите на Интерните клиники, при што беше разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински пероснал и можностите и потребата од проширување на капацитетите, соопшти Министерството за здравство.

На состанокот, како што се посочува, покрај координаторот на ковид центрите на Интерните клиники проф. д-р Дејан Докиќ, беа присутни и директорите на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, за уво, нос и грло и Кожната клиника.

Во моментов на интерните клиники има околу 20-тина слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти. Во текот на утрешниот ден со работа ќе почне и ковид центарот на Клиниката за очни болести, каде ќе можат да се сместат 33 пациенти, информираат од Министерството.

– Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто време да не ја намалиме ниту редовната програма на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои за тоа имаат потреба, изјави Филипче.