Тешка сообраќајна несреќа при директен судар на две возила – „волво” и „цитроен” се случи синоќа околу 20.45 часот кај месноста Баткова Чешма на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, во која тешко биле повредени двајцата возачи. Според Итната медицинска помош, едниот починал на пат кон болница, а другиот е хисптализиран во Клиничкиот центар во Скопје.
-На 17.11.2020 во 20.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица, кај место викано „Баткова чешма“, атар на с.Драмче, делчевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од Љ.Т.(49) од Македонска Каменица и патничко возило „волво“, управувано од П.С.(52) од Македонска Каменица, и двете со регистарски ознаки од Македонска Каменица. Во незгодата, П.С. се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобил и Љ.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево, информираше СВР Штип.