Нацрт-законот кој му овозможува нов мандат на Путин, претставен во руската Дума – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/20 9:12 AM

Нацрт-законот кој му овозможува нов мандат на Путин, претставен во руската Дума

Тројца пратеници го претставија Нацрт-законот кој ќе му овозможи на рускиот претседател Владимир Путин да остане на функцијата уште два шестгодишни претседателски мандати, јавува Агенција Анадолија (АА).

Павел Крашениниников, Олга Савастијанова и Андреј Клишас го претставија Нацрт-законот пред Долниот дом на Парламентот, државната Дума, за озаконување на уставните амандмани, предлагајќи дека ограничувањето на два последователни мандати за претседателската функција ќе ја изгуби силата на шефот на државата кој е на функцијата претседател во моментот на усвојување на новите уставни амандмани.

Нацрт-законот, исто така, вклучува нови барања за претседателските кандидати – кандидатот да биде руски државјанин не помлад од 35 години, да живеел во земјата најмалку 25 години, да не поседува и претходно да нема странско државјанство или дозвола за престој, со исклучок на кандидатите со потекло од Крим.

Инаку, гласањето за уставните амандмани се одржа во периодот од 25 јуни до 1 јули, при што 77,9 отсто од Русите гласаа за измените, додека 21,27 отсто беа против.