До крајот на оваа година рекреативното место Бањиче ќе добие пикник место, каде граѓаните ќе можат да се релаксираат на чист воздух.Овој проект во износ од 23 милиони денари е добиен од Агенцијата за рурален развој со кофинансирање на општина Тетово.
Веќе се санираат речното корито, термоминералните извори, а се поставува урбана опрема.
Заедно со продолжување на патот на оваа рекреативно-спортска точка се заокружува капитална инвестиција во износ од 50 милиони денари за изминатите три години.
Во изминативне неколку години целосно беше реконструиран патот до рекреативнот место Бањиче, а се постави и патека која служи како една од ретките места во градот за прошетка и рекреација.
З.Д.