Шеесетгодишен работник денеска паднал од 25 метри височина, од осмиот кат на зградата на која што работел, во белградската населба Дорќол . За среќа, но и благодарение на неговата присебност, тој го преживеа овој тежок пад, јавуваат српските медиуми.
Мажот успеал да ги дофати јажињата што виселе од кранот и да го ублажи падот. Се здобил со повреди на нозтете и главата.