Како да нема пандемија: Во Анталија годинава речиси 3,5 милиони туристи – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/20 3:27 PM

Како да нема пандемија: Во Анталија годинава речиси 3,5 милиони туристи

Популарната туристичка дестинација Анталија, во Турција, оваа година до 15 ноември ја посетија 3.356.623 туристи, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Анталија со безбедниот и здрав туризам оваа година, и покрај пандемијата, успеа да остане популарна туристичка дестинација. Во време кога целиот свет е соочен со пандемијата, Анталија до 15 ноември ја посетија речиси 3,5 милиони туристи. Најмногу, 1.459.048, дојдоа од Русија. Следуваат Украина (554.410), Велика Британија (209.649), Полска (85.929), Белорусија (63.028)…

Шефот на Здружението на професионални хотелиери, Улкај Атмача, за АА наведува дека туристите дома се враќаат задоволни со мерките преземени за спречување на ширењето на Ковид-19.