Наместо предводник на туристичкиот сектор, државата сака да се ослободи од Попова Шапка – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/20 2:32 PM

Наместо предводник на туристичкиот сектор, државата сака да се ослободи од Попова Шапка

Наместо предводник на туристичкиот сектор државата сака да се ослободи од Попова Шапка по било која цена. Ова е реакцијата на „Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка“ по најавите на премиерот Заев и министерот Бектеши за продажба на центарот. Оттаму сметаат дека идејата на Владата за поврзување со ски центарот Брезовица е познат маркетинг пред секои избори

Од Иницијативата, сметаат дека во центарот мора да инвестира и да се има долгорочен план за нејзин развој. Секој би сакал да инвестира на Попова Шапка, ама најпрвин таму треба да се обезбеди основа инфраструктура, која би донела голем прилив на пари, односно интерес за приватни инвестиции

Сметаат дека најавите на Заев и Бектеши за поврзување на Попова Шапка со Брезовица се смешни, ако се земе предвид фактот дека и двата центра се на дното во цела Југоисточна Европа .

За Попова Шапка властите со децении ветуваат се’ и сешто, но таму, за жал, иако се работи за центар  со голем природен потенцијал, не се инвестира во основна инфраструктура, како паркинг места, комунална инфраструктура ски лифтови и жичници.

З.Д.