Денот на Албанската азбука, 22 ноември (недела), е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на граѓаните припадници на албанската заедница им го честитаат Денот на Албанската азбука.