На 84-годишна возраст почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Социјалистичката партија на Македонија и прв претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија.
До последните парламентарни избори, Љубисав Иванов беше дел од сите пратенички состави од осамостојувањето на државата.
Завршил Рударско-геолошки факултет и бил претседател на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ – Кратово.
Од Фудбалската федерација на Македонија ја потврдија оваа вест и изразија сочувство и жалење за, како што велат, еден од најдобрите и најважните фудбалски работници во историјата на земјата.
-Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија. Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал, стоеше во соопштението на ФФМ.