Одбележување на Светскиот ден на предвреме родените деца – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/20 7:52 AM

Одбележување на Светскиот ден на предвреме родените деца

По повод 17 Ноември – Светскиот ден на предвреме родените деца, ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство традиционално и оваа година во соработка со граѓанската организација Лулка денеска ќе организира дигитална тркалезна маса под мотото „Заедно за бебињата родени предвреме – се грижиме за иднината”.

На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат министерот за здравство Венко Филипче, Викторија Јовановска – директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ана Данева-претседател на Комитетот за безбедно мајчинство, Рената Димитриовска – раководител на одделението за неонатална нега и терапија, Игор Самарџиски – раководител на оддел за третман на прееклампсија, предвремено породување и застој на феталниот раст, Денис Ал Кхалили – специјалист педијатар, претставник од граѓанската организација ЛУЛКА, Александра Јосевска – медицинска сестра на одделението за интензивна нега на недоносени бебиња, две мајки чии дечиња се родени предвреме и биле пациенти на ОИНТ.