Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска во 00:18 часот, вработени во аптека на булевар „Партизански одреди” во Скопје пријавиле дека забележале дека низ излогот навлегол проектил од огнено оружје што оштетил производи на една од полиците.
Од МВР соопштуваат дека нема повредени лица, а на местото на настанот пронајдени и подигнати се две чаури и еден проектил. Посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот