Мирсад Пецо, кој беше кандидат на Партијата за демократска акција (СДА) за градоначалник на Општината Травник почина вчера, на изборниот ден, во болница од последици на коронавирусот (Ковид-19), јавува „Анадолија“.
Од СДА потврдија дека со денови бил хоспитализиран поради влошена здравствена состојба предизвикана од коронавирусот.
Мирсад Пецо е роден на 14 март 1958 година во Травник. Заврши Медицински факултет, а долги години работеше во ЈУ Дом на здравје во Травник во Службата за здравствена заштита на работници и спортисти со конзуларно специјалистички амбуланти. Беше пратеник на СДА во Парламентот на Федерација на Босна и Херцеговина.
Босански медиуми јавуваат дека Пецо на вчерашните избори во Травник добил 8.820 гласови, околу 3.400 повеќе од второпласираниеот. Засега не се знаело каква постапка ќе се спроведува понатаму.