Епидемиолошката состојба во Тетовско е критична, оценија денеска од Кризниот штаб на Општина Тетово. Бројките растат, а голем дел од населението не ги почитува здравствените препораки на властите.
Најавите на здравствените работници за жал станаа реалност. Бројот на позитивни случаи започна да се дуплира. За само една недела имаме 400 лица позитивни на вирусот, а 15 за седум дена од Тетовско починале од Ковид-19.
Од Кризниот штаб на Општина Тетово сметаат дека граѓаните се’ уште сериозно не ја сватиле болеста, па голем дел од нив не ги почитуваат препораките и ги кријат котнактите.
Од тетовско од почетокот на пандемијата имаме 3159 лица кај кои има е дијагностициран вирусот, а 129 од нив веќе починааа.
З.Д.