(ФОТО) Чевел продаден за 40.000 евра, а не е на Пепелашка: Еве кому припаѓал! – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 3:31 PM

(ФОТО) Чевел продаден за 40.000 евра, а не е на Пепелашка: Еве кому припаѓал!

Белиот свилен чевел на кралицата Марија Антоанета е продаден на аукција во неделата за 43.750 евра, објави аукциската куќа Осенат.

„Предниот дел од чевелот е изработен од свила, задниот дел од кожа од јагнешко, а раб има четири реда плисени ленти, кожен ѓон и потпетица покриена со сива лакирана кожа висока 4,7 см“, рече Осенат во описот.

Чевелот е долг 22,5 см, што одговара на денешниот број 36.

Чевлите, кои биле дадени на пријател на главната собарка на кралицата, биле чувани од крајот на 18 век од страна на потомците на жената која починала во 1816 година.

Кралицата Марија Антоанета, со австриско потекло, обезглавена за време на Француската револуција во 1793 година, како и нејзиниот сопруг Луј XVI продолжува да го фасцинира светот, според аукциската куќа, која процени дека чевелот ќе се продава за 8.000 до 10.000 евра.

Преземено од: http://hr.n1info.com/