Ангела Јакимовска меѓу најубавите на изборот за Miss Gloub 2020 – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 2:34 PM

Ангела Јакимовска меѓу најубавите на изборот за Miss Gloub 2020

Деновиве во  Тирана, Албанија се одржа изборот за Miss Gloub 2020 на кој  учествуваа над 50 девојки од исто толку држави од целиот свет.  Нашата држава ја претставуваше 24годишната Анѓела Јакимовска од Скопје, која направи убав успех со пласманот во топ 15 кандидатки и на крајот по бројот на поени од стручното жири го освои одличното  седмо место. При тоа и на натпреварот  Head to head Challenge ја освои титулата Втора придружничка, каде најмеродавен фактор беше интелигенцијата на девојките.  Победничка на изборот е претставничката на Косово, прва придружничка  е убавицата од Русија (Сибир), а втора придружничка е од Гана.

“Убавиците од целиот свет престојуваа три недели во Албанија каде освен туристичката тура која ја имаа во првите 10 дена, се подготвуваа за големото финале кое се одржа во големата сала на Олимпик Парк во Тирана. Изборот по 17ти пат во Албанија го организираше Делиарт Ассоциатион, овој пат во услови на пандемија, но како и секогаш максимално професионално и на ниво кое доликува на еден светски избор за убавина”, изјави Мики Црнокрак, веќе 25 години Национален Директор за Македонија за изборот за Miss Gloub 2020.