Полицијата годинава имала помалку работа во одржување на јавниот ред и мир во гостиварскиот регион. Од јануари па од крајот на септември регистрирани се помалку тепачки, караници, физички напади и омаловажувања на полицајци. На намалувањата на вкупниот број прекршоци за 4 проценти, делумно има влијание воведувањето на полицискиот час и затворените кафеани. Со пријави за прекршок се соочуваат 163 лица кои биле инволвирани во 181 настан.
Според анализата на податоците од СВР Тетово, јавниот ред и мир најчесто бил нарушуван со физички напади. Полицијата санкционирала тепачки, викање и непристојно однесување. Три четвртини од прекршоците или 125 се целосно расчистени и за нив поднесени се барања за прекршочна постапка.
Најмногу од регистрираните нарушувања според местото биле во град, а според возраста и полот станува збор за мажи со над 25 години
И покрај тоа што поголемиот дел од годината училиштата беа затворени, а новата учебна година започна без физичко присуство на средношколците, регистрирани се пет тепачки. Тука има намалување во споредба со лани, кога беа регистрирани седум.
Во годинашното деветтомесечие, гостиварци најмногу го нарушувале јавниот ред и мир на улица и угостителските објекти.
з. г. м.