По 127 години „Вог“ стави маж на насловната страница: Хери Стајлс во фустан – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/20 7:21 PM

По 127 години „Вог“ стави маж на насловната страница: Хери Стајлс во фустан

Хери Стајлс е првиот маж што после 127 години се појави на насловната страница на американскиот моден магазин „Вог“ – и тоа во „Гучи“ фустан.

Поранешната ѕвезда на “One direction“ за „Вог“ изјавил дека женската облека е прекрасна, а на насловната носи свилен фустан и црна смокинг јакна. Според него облеката не треба да се дели на машка и женска, а оние што го прават тоа само се ограничуваат себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

– Облеката постои за да се забавуваме и да експериментираме со неа. Она што  навистина е возбудливо е тоа што стереотипите едноставно исчезнуваат – кога ќе го извадите тоа „има облека за жени и облека за мажи“, тогаш ќе ги отстраните сите препреки и ќе ја отворите арената за играње. Има толку многу радост во тоа да си играш со облеката, вели Хери за „Вог“.

Тој признава и дека често кога оди на пазарување се загледува во женската облека и се воодушевува колку е прекрасна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Стајлс својата кариера ја започна во 2010 година со англискиот поп бенд “One direction“.