И Србија ги затвара објектите во 21 часот, отворени остануваат само аптеките и бензинските – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/20 4:24 PM

И Србија ги затвара објектите во 21 часот, отворени остануваат само аптеките и бензинските

Србија воведе нови рестриктивни мерки. Премиерката Ана Брнабиќ денеска ги презентираше новите ограничувања кои стапуваат на сила од вторник, а првично ќе траат 15 дена.

Угостителските објекти, продавниците и трговските центри ќе бидат затворени од 21 до пет часот наутро, а отворени ќе може да останат само аптеките и бензинските пумпи.

Брнабиќ смета дека движењето засега не треба да се ограничи, но не ја исклучува можноста да воведат рестрикции доколку нема опаѓање на бројката. Според неа Србија тестира најмногу во регионот, има најмалку починати лица и доволно место во болниците за пациентите со коронавирус.